Ќе има ли одмазда или „мечката“ повторно ќе се скрие? Кој би бил одговорот на Путин за срушениот авион во Сирија?

Точка

19/09/2018

18:16

5.023

Големина на фонт

а а а

Израелските медиуми анализирајќи го соборувањето на рускиот авион „Ил-20“ признале дека дел од одговорноста ја сносува и Израел, па сега се стравува дека во Сирија би можел да биде распореден ПВО системот „С-300“.

Авторот на статијата во израелски „Гарец“ смета дека овој инцидент би можел „делумно да биде предизвикан поради задоцнетото известување од страна на Израел“, но и поради и други фактори, меѓу кои и неодговорната акција помеѓу Русија и Сирија.

Израелските медиуми заклучуваат дека Израел, најверојатно во блиска иднина ќе мора да ја ограничи својата воена активност во Сирија, но весникот „Ерусалим Пост“ забележува дека реториката на Русија против Израел после инцидентот не била така остра како што се очекувало.


Како што заклучува „Ерусалим Пост“, таа трагедија создава проблем за Израел затоа што постои можност „рамнотежата да се промени“. Според весникот, Русите дале до знаење дека инцидентот не бил грешка, туку настанал како директна последица на израелскиот воздушен напад на Сирија. Од друга страна, весникот „Едиот Ахронот“ верзијата за израелската провокација ја отфрла и новинарите сметаат дека за целиот инцидент се одговорни исклучиво сириските владини сили.

Сега, сепак во Израел предизвикуваат загриженост гласините за можното распоредување на руските против-воздушни системи „С-300“ во Сирија, а тоа дефинитивно ќе ги отежни операциите на израелското воено-воздухопловство во регионот.


Министерството за одбрана на Русија соопшти дека на 17-ти септември, околу 23:00 часот по локало време, била загубена врската со рускиот авион „Ил-20“ кој што се враќал во базата Хмејмим, а се наоѓал на околу 35 километри од брегот на Средоземното море. Од руското министерство открија дека во тој период, најмалку четири израелски ловци „Ф-16“ нападнале цели на сириската армија во Латакија.

Според податоците на руското министерство, криејќи се над рускиот авион, израелските авиони го ставиле на удар на сириските ПВО системи „С-200“ и сириските ракети по грешка го собориле авионот, по што загинаа 15 руски војници.

Од израелската армија соопштија дека со руските власти ги споделиле сите соодветни информации со цел да се истражи инцидентот околу соборениот авион „Ил-20“.


Како и да е, доколку Русија одговори со само „скромното“ распоредување на против-воздушните системи, тоа воопшто и нема да биде никаков одговор на соборувањето на авионот и повторно ќе биде нарушен имиџот на „светска сила“ кој што секако е разнишан.

Русија досега се соочи и со соборување на борбен авион од страна на турската армија, по што следуваа санкции против Турција. Сепак, санкциите набро беа повлечени, а турската армија не само што не ги прекина воените активности во Сирија, туку денес Турците имаат распоредено и свои копнени сили на северот од земјата.

Поради праксата од минатото, реалната руска моќ на теренот и силното израелско лоби, кога Русија не можеше ништо конкретно да стори против Турција, што ли може да направи против еден Израел? Најверојатно „мечката“ повторно ќе се повлече во пештерата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг