Потребниот цензус за референдумот ќе биде постигнат, рече Груби на средбата со француската пратеничка Танги

Макфакс

19/09/2018

13:55

1.116

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, денеска оствари средба со Лилијана Танги, пратеник во француското собрание и заменик-претседател на Комисијата за европски прашања.

Како што информираат од прес-службата, на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, со посебен осврт на претстојниот референдум на 30 месецов.

Груби информирал дека кампањата за успешен референдум е во тек и дека состојбата на теренот досега е задоволителна, односно постои позитивно расположение кај гласачите во земјата да се изјаснат за поддршка на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО.

Во тој контекст, претседателот истакнал дека референдумот ќе успее и дека владејачкото мнозинство засилено работи на постигнување на потребниот цензус на излезност на гласачите.

Пратеничката Танги ја потврдила континуираната поддршка на Франција за евро-атланското зачленување на Македонија, при што ја истакнала француската поддршка за успешен референдум, потенцирајќи го значењето на референдумот за иднината на земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг