Одлуката на Уставниот суд за нас не е прифатлива, вели Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес, откако со 7 гласа „за“ и два „против“ судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот. Според Петров, очигледен бил притисокот што се вршел врз судиите.
„Судиите во расправата беа контрадикторни. Тие отфрлија расправа за договорот со Грција, но заклучија дека со референдумското прашање не се гласа за ЕУ и НАТО, туку за договорот* со Грција. Истовремено, се суспендира референдумот од 8 септември 1991 година, кога народот во апсолутно мнозинство гласаше за самостојна Македонија без додавки и придавки. Судот, за жал, сметаше дека ЕУ не е ниту сојуз за кој треба да се распише референдум“, рече Петров.
Одлуката на судот ќе ја зацврсти одлуката на народот, кој ќе бојкотира на 30 септември, оценува Петров.