СДСМ: Не постои никакво кривично дело, а најмалку поткуп при избори

Макфакс

18/09/2018

15:58

832

Големина на фонт

а а а

Поднесувајќи неосновани кривични пријави кои немаат никаков основ ниту, пак, цел, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека сé уште останува заглавена во матрицата на минатата и времето кога го злоупотребуваа судството за пресметка преку беспредметни пријави. Не постои никакво кривично дело, а најмалку поткуп при избори, тоа ВМРО-ДПМНЕ добро го знае, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, вистинското прашање е зошто ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на платите за работниците? Зошто на опозициската партија ѝ пречи растот на платите, растот на живтниот стандард на граѓаните па поднесува неосновани пријави со кои се обидува да ја замајува јавноста?

,,Кривични дела се криминалите, газењето на човековите права и договорените провизии на ВМРО-ДПМНЕ правени континуирано 11 години години наназад. Поттикнувањето повисоки плати за сите работници, е одговорност на секој премиер и владата што ја предводи.

Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ, Заев, остануваат посветени на заложбите за повисоки плати и пензии, за сите граѓани на Македонија да имаат повеќе пари и повисок животен стандард. И тоа нема да го спречат неоснованите пријави на ВМРО-ДПМНЕ

Слободното гласање на граѓаните референдум е загарантирано и обезбедено. Референдумот е најмоќната демократска алатка, гласот на граѓаните е конечен, а почитувањето на нивната волја е задолжително за сите”, се додава во соопштението.