ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

Макфакс

18/09/2018

14:25

1.550

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори.

Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека партијата доставила кривична пријава во Јавното обвинителство којашто веќе ја најавија во саботата на прес-конференција против премиерот Зоран Заев, којшто јавно на митинг во Крива Паланка повикал на поткуп при избори, што е спротивно на член 160 и чл.162 од Кривичен законик, и тоа е казниво дело.

,,Ја поднесовме кривичната пријава од причина што јавниот обвинител не постапи согласно со своите надлежности коишто се предвидени во чл. 39 од Законот за кривична постапка, односно не отвори постапка против Зоран Заев по јавно допрен глас.Во склоп на кривичната пријава го доставивме и видеоматеријалот на кој се слуша како Зоран Заев јавно повикува на поткуп, каде што се слуша дека признава дека еден бизнисмен, односно сопственикот на ‘Минстрој’, веќе му ветил дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот референдум. Целта ни е да докажеме дека никој не е над законот па ниту Зоран Заев”, изјави Димовски.

Според него, граѓаните на Република Македонија се слободни при својот избор, при донесувањето на своите одлуки, и никој ама никој не може да ги натера со сила, со поткуп, со уцени или со закана да излезат да гласаат на претстојниот референдум или, пак, на кои било избори. Туку тоа свое право, коешто е демократско право, загарантирано право, свето право можат да го искористат единствено самите согласно со сопствената одлука.

,,Исто така, бидејќи сме овде, би сакал да му кажеме на јавниот обвинител дека до денеска немаме одговор, еве од 5 јули е поднесена кривична пријава против Зоран Заев – премиерот на Република Македонија, Никола Димитров – министер за надворешни работи на Република Македонија, Талат Џафери – претседател на Собранието на Република Македонија, Артан Груби – претседател на Комисијата за европски прашања и уште 67 пратеници по 4 основи од Кривичниот законик, и тоа велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службена положба. Помина повеќе време, поминати се еве речиси два и пол месеци и немаме никакво известување што се случува со кривичната пријава што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе”, додаде Димовски.