Прошетала по модната писта неколку часа пред породувањето: "Вака изгледа лицето на жена со контракции"

Точка

17/09/2018

21:27

10.497

Големина на фонт

а а а

Манекенката Слик Вудс открила дека додека учествувала на ревијата за новата колекција на Ријана, добила контракции.

Вудс прошетала по пистата во минијатурна долна облека која ги прекривала нејзините брадавици и меѓуножјето, а 14 часа по ревијата, таа родила син. 

Манекенката проговорела за се на својот Инстаграм профил и ги зачудила своите следбеници.

"Ова е лице на жена која има контракции. 14 часа по ревијата се роди кралот. Понекогаш навистина не знаеме колку можеме да издржиме. Сакам да кажам дека можам да направам се што ќе посакам и кога ќе го посакам тоа, а истото го можете и вие", напишала Слик, а нејзината објава на Инстаграм предизвикала лавина од реакции.

Штом таа се симнала од пистата, била повикана Итната помош, а поради долната облека која ја носела неколку часа пред породувањето, Слик Вудс станала вистинска ѕвезда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг