Први процени на штетата која Флоренс ќе ја предизвика во Америка: Страшниот ураган ќе ги чини САД најмалку 60 милијарди долари

Точка

14/09/2018

14:43

2.087

Големина на фонт

а а а

Први процени на штетата која Флоренс ќе ја предизвика во Америка: Страшниот ураган ќе ги чини САД најмалку 60 милијарди долари

Приватната американската метеоролошка компанија "AccuWeather" објавила проценка дека ураганот Флоренс ќе предизвика економска штета од најмалку 50 до 60 милијарди долари. 

Основачот и претседател на "AccuWeather", Џоел Мајерс, во соопштението навел дека најголем дел од штетата ќе предизвикаат поплавите, втор по големина фактор ќе бидат оштетувањата на брегот на САД, а третата последица ќе бидат ударите на ветерот.

Ураганот Флоренс се повеќе забавува како се доближува до источниот брег на САД, но неговиот удар на Северна Каролина воопшто нема да се намали и се очекува дека ќе предизвика опасни поплави, рекол директорот на Националниот центар за урагани, Кен Греам.

Според неговите зборови, областите кои ќе бидат погодени и од послаби ветрови би можеле со часови на бидат на удар на обилни дождови.

Доколку Флоренс со денови се задржи на брегот, поплавите би можеле да зафатат најмалку три километри на површината кон внатрешноста на копното, предупредил Греам.

Флоренс сега е класификуван како ураган од втора категорија со ветрови со брзина од 175 километри на час.

Националниот центар за урагани на САД, соопштил дека ветровите на ураганот ќе достигнат и до 315 километри од неговиот центар, поради што ќе биде загрозен поголем дел од источниот брег на САД.

Проценето е дека десет милиони луѓе ќе бидат во опасност од ураганот. Се очекува надоаѓање на морето и до 13 метри, како и 75 сантиметри дожд. Службениците Јужна и Северна Каролина ги затвораат ги затвораат пристаништата пред налетите на ураганот Флоренс, кој се приближува до нивните брегови. Во Северна Каролина за комерцијален сообраќај се затворени пристаништата Вилмигнтон и Морхед, додека во Јужна Каролина е затворено пристаништето во Чарлстон за превоз на контејнери.

Во меѓувреме, претседателот на САД, Доналд Трамп, повторил дека заштитата на животите е највисок приоритет и ги повикал оние кои живеат на патот на ураганот да се евакуираат.

Тој додал дека Флоренс би можел да биде "еден од најмоќните урагани кои некогаш го погодиле Источниот брег".

Повеќе од 10 милиони житеили и во три американски држави се предупредени на опасност од ураганот Флоренс, соопштила американската Национална метеоролошка служба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг