Најдобра детоксикација по летниот период

Точка

17/09/2018

13:39

4.198

Големина на фонт

а а а

Пред да започнат летните одмори повеќето од нас, повеќе внимание посветуваат на здрава исхрана, вежбањето и подготовките за на плажа. Реалноста е дека таквиот став треба да не држи во текот на целата година и да се трудиме сето тоа да ни биде начин на живеење.

Честопати, без разлика со каква амбиција тргнуваме пред да започне летото, некои ќе го завршат истото со некој килограм повеќе. Тоа е така, бидејќи периодот за одмор го поминуваме во опуштање и во она што нам ни претставува задоволство, меѓу што и храната, која почесто е непогодна за она што претходно ни било цел - да го одржиме нашето здраво и фит тело.

Пред да се покриете со есенските долги ракави и удобните џемпери, ние имаме неколку совети за да го прочистите и детоксицирате вашето тело.

Многумина ќе започнат да држат диети за кои се тврди дека се конкретно создадени за детоксикација на организмот. Лошата вест е дека не постои конкретна диета или режим за целосна детоксикација на организмот. Добрата вест е дека нашето тело има системи кои ја вршат функцијата на прочистување на организмот и ги отстрануваат токсините. Секако, најдобро би било вие самите да го потпомогнете тој процес, а тоа можете да го направите на следниве неколку начини: 

1. Престанете да ги јадете нездравите јаглехидрати


Избегнувајте ја рафинираната и процесираната храна. Лебот, тестенините, крекерите, слатките колачи се главниот извор на рафинирани или нездрави јаглехидрати. Потрудете се да не јадете јаглехидрати кои не се од природно потекло, но внимавајте и со консумација на храната која содржи добри јаглехидрати. Безглутенската храна, за која повеќето мислат дека не содржи рафинирани шеќери, всушност може да биде извор на рафинирани шеќери. Побарајте безглутенска храна од цели зрна, бидејќи во овој случај таа би била подобриот избор.

2. Не додавајте сосови и многу зачини во вашите оброци


Намалете или исфрлете го додавањето на солта, некои други зачини или пак готови сосови. Преливите за салата или сосовите за скара кои ги наоѓаме во маркетите се преполни со рафинирани шеќери и содиум. Доколку имате потреба да додатете на вкус на вашиот оброк, одберете свежи билки како зачин. Како прелив или сос за салатата, месото или рибата, може да правите комбинации со свеж сок од лимон, обезмастен јогурт и ладно цедено маслиново масло.

3. Внесувајте повеќе протеини


Наместо јаглехидрати, за кои веќе спомнавме дека треба да ги одбегнуваме, консумирајте повеќе храна која се базира на протеини и свеж или варен зеленчук. Месо (најдобро варено или печено), јајца или млечни производи (во помали количини, поради мастите кои ги содржат). Повеќето од вас се веќе запознаени со нутриционистичките програми NuMe и Life Nutrition, кои се компонирани од нутриционистите токму за оние кои сакаат да се хранат со високопротеинска храна и чија цел е да го прочистат својот организам, да намалат вишок килограми или едноставно да се исхрануваат здраво.

NuMe и Life Nutrition може да ви помогнат во овој процес бидејќи, со оваа храна вие ќе внесете доволно количество протеин кое му е потребно на телото, како и други хранливи вредности кои му се потребни на оранизмот. Едноставната подготовка на оваа храна и нејзината практичност, ја прави совршено решение за оброк во било кое време и место, бидејќи може да ја носите секаде со себе и не бара готвење.

Асортиманот на NuMe и Life Nutrition располага со шејкови, слим-барчиња, протински бисквити, чипсови, протеински палачинки, протеински супи и уште многу разновидна храна која е клинички докажана и секојдневно го олеснува и придонесува во животот на оние кои се грижат за своето здравје.

4. Јадете повеќе свеж зеленчук


Зеленчукот, покрај протеините, е многу битна компонента во вашите оброци. Потрудете се да јадете што повеќе свеж или обарен зеленчук, кој ќе ви помогне при детоксикацијата и ќе ви овозможи да ги добиете хранливите нутритиенти кои ќе му овозможат на вашето тело да се ослободи од токсините. Трудете се да јадете повеќе зелен зеленчук, особено во подоцните часови од денот. 


5. Пијте повеќе вода


Избегнете висококалорични кофеински напитоци, алкохол и сокови кои содржат вештачки засладувачи. Пијте повеќе вода, а за да добиете на вкус, додадете парченца свежо овошје како лимон, портокал, киви или пак краставица.

6. Вежбајте


Уште еден од најефикасните начин да го прочистите својот организам е физичката активност. Пешачењето, трчањето, возењето велосипед или фитнес вежбите треба да станат дел од вашето секојдневие. Со Вежбањето ќе исфрлите огромен дел од токсините во вашето тело и ќе ја одржите вашата витална форма.

За време на Health, Fitness & Wellness Expo кое ни претстои во Скопје овој месец, ќе можете повеќе да се информирате околу здравата исхрана и вежбањето. Таму ќе ве пречека и тимот на Про Фит, кој подетално може да ве информира за овој начин на исхрана и секако, да ве упати кон чекорите кои треба да ги преземат сите оние кои сакаат да започнат со вистински здрав начин на исхрана и воопшто здраво живеење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг