Америка се припрема за удар на ураганот на деценијата, луѓето во паника: "Молете се за нас!"

Точка

12/09/2018

12:49

4.239

Големина на фонт

а а а

Безбедноста на американскиот народ е "апсолутен приоритет", изјави претседателот на САД Доналд Трамп, додека ураганот Флоренс се приближува кон источниот брег.

Трамп нагласи дека федералната влада е спремна да реагира и да прогласи вонредна состојба во Северна и Јужна Каролина и Вирџинија, а се откажани и некои настани. 


Додека силниот Флоренс се приближува кон источниот брег на САД, во делови од трите американски држави е наложена евакуација на населението, а на социјалните мрежи луѓето објавуваат фотографии од деловите за кои се верува дека ќе ги погоди ураганот на кои пишува: "Молете се за нас!".

Директорот на Националниот центар за урагани, Кен Грејем предупредил дека размерот на ураганот е запрепастувачки.

За обилните врнежи, поплавите и недостигот од електрична енергија се припрема и Вашингтон, чија градоначалничка Мјуриел Баузер прогласи вонредна состојба, наведувајќи дека тоа е неопходен чекор со цел да се обезбедат ресурси и поддршка со оглед на повеќедневните дождови кои се очекуваат.

Ова утро, Флоренс бил со јачина од четврта категорија, а се очекува да го достигне и петтиот степен. Во наредните денови, на САД му се заканува посилен, побавен и пообемен ураган, наведуваат метеоролозите. Бурите со јачина од петта категорија имаат потенцијал да предизвикаат катастрофални последици. 

Бурата моментално се наоѓа околу 640 километри јужно од Бермуда и се движи со брзина од околу 210 километри на час. Се очекува најголемиот дел врнежи да биде долж брегот, каде нивото на морето веќе е зголемено и во наредните денови да предизвика поплави опасни по живот.

Според прогнозите, бурата ќе дојде во петок, најверојатно во Северна Каролина, во близина на границата со Јужна Каролина.

Евакуација на милиони жители

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна ситуација во Јужна и Северна Каролина, што олеснува пружање на федерална помош.

Наредена е евакуација на 1,5 милион жители во крајбрежните делови на Јужна и Северна Каролина, како и Вирџинија.

"Washington Post" наведува дека ваквата обемна евакуација е наредена врз основа на искуства од минатогодишната сезона на урагани кои ги погодија Тексас, Флорида и Порторико.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер изјави дека "окото" на ураганот ќе помине преку територијата на таа држава и го повика населението да се подготви за високи бранови, силни ветрови и поплави.

Гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер вчера нареди евакуација која се однесува на сите осум окрузи долж брегот на Атлантикот, вклучувајќи го и најголемиот град во државата - Чарлстон. Мекмастер процени дека околу еден милион луѓе ќе ги напуштат своите домови.

"Ова е многу опасна бура и мораме да ја сфатиме крајно сериозно. Ние се наоѓаме во важна и смртоносна шаховска игра со ураганот Флоренс", изјави тој денеска пред новинарите.

Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортам нареди евакуација за делови на оваа американска држава во ниската крајбрежна област каде што живеат 245.000 жители. Тој го повика населението да се подготви за ураганот кој ќе погоди целото подрачје на Вирџинија.

На очекуваната траекторија на ураганот се и неколку нуклеарни централи, јами со пепел и друг индустриски отпад, како и отпад од фарми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг