Времето сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северозападен ветер

Макфакс

10/09/2018

09:36

689

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, повторно ветерот ќе се засилува долж Повардарието, информираат синоптичарите.

Од УХМР посочуваат дека температурата во земјава ќе достигне до 31 степен, а УВ индексот ќе изнесува 7. Времето денеска и во Скопје сончево со мала до умерена облачност со умерен северозападен ветер и температура до 29 степен.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно, суво и релативно топло време, но локално не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има тенденција на благ пораст, информираат од УХМР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг