Улица во Градски парк доби име Столтенбергова

Нетпрес

06/09/2018

12:44

1.365

Големина на фонт

а а а

Во знак на благодарност за несебичната помош на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, улицата што ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар ќе го носи името “Улица Столтенбергова”.

На свеченоста по повод иницијативата за именување на улицата денеска присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Мојот татко ќе беше многу почестен што добива улица во градот кој секогаш имал посебно место во неговото срце, кажа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на откривањето на улицата Столтенбергова.

„Голема чест ми е што сум тука, на отворањето на улицата именувана според мојот татко. Првиот пат го посетив Скопје во 60-ите години. Бев дете и мојот татко работеше во норвешката амбасада во Белград. Тој отсекогаш имаше посебна врска со Скопје, бидејќи ја координираше помошта што доаѓаше од Норвешка по земјотресот. Не се сеќавам на многу, но тоа засекогаш остави силен впечаток врз мене. Затоа е голема чест пак да се биде тука и да се види како градот се развил и напредува. Мојот татко беше многу почестен кога беше именуван за почесен граѓанин на Скопје и сигурен сум дека ќе беше почестен и сега. Среќен сум што ги паметите неговите напори“, кажа Столтенберг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг