Хотелот во кој неодамна починале двајца британски туристи со години бил смртоносна замка, тврди поранешниот вработен.
35-годишниот Шон Меклаклин работел во хотелот Штајнбергер Аква Меџик 2013. година и тврди дека имало проблеми и со храната и со климатизацијата.
Се ова се случува откако 69-годишниот Џон и 63-годишната Сузан Купер умреле минатата недела при престојот во тој хотел.
Агенцијата "Томас Кук" евакуирала 300 туристи кои биле во тој хотел бидејќи се јавиле шпекулации дека Британците починале од труење со храна, иако египетските власти тврдат дека станува збор за природна смрт.
Генералот Ахмед Абдула, регионален гувернер, потврдил дека во собата се чувствувал чуден мирис.
Семејството Меклаклин минало пет месеци во хотелот и во првите девет дена имале дијареја.
Тој сепак се чуди како толку долго се чекало на несреќен случај. "Храната е лоша, а инсталацијата уште полоша", вели тој и додава дека во кујната го миеле зеленчукот со вода од водоводот, иако таа не е за пиење.
Неколку дена пред нивната смрт, тричлено семејство имало сериозно труење со храна, а биле гости во истиот хотел. Како што пишува "Metro", Пол и Бев Ванстон за тамошните медиуми рекле дека имале болки во стомакот и дека завршиле во болница.
"Мојата сопруга имаше воспаление на желудникот и цревата, а ќерка ни повраќаше со денови, имаше грчеви во стомакот, дијареја...Додека бевме таму се жалевме дека ни послужија сирово пилешко. На мене не ми беше ништо во тој момент, бидејќи никогаш сум немал проблеми со живо месо, но мојата ќерка...Беше баш, баш сирово месо", рекол Пол.
Кога на 6. август се вратиле во Оксфорд, на Пол му било дијагностицирано високо ниво на труење со салмонела. Тој рекол дека лекарите сепак не можеле да утврдат како ја добил.
"Можеби беше пилешкото, можеби водата", додал тој.
Околностите за смртта на семејството Купер и натаму остануваат мистерија.
"Многу сме потресени од смртта на нашите корисници. Околностите за нивната смрт и натаму се нејасни. Добивме информации дека голем број на луѓе од тој хотел имале некакви здравствени проблеми. Безбедноста е наш приоритет, така што ги евакуиравме сите. Продолжуваме и натаму да соработуваме со овој хотел, но со голема претпазливост", рекле од британската туристичка компанија "Томас Кук".