Трасата на Водно не е скратена, ќе се исече шума со површина колку Партизанска, порачаа активистите

Макфакс

23/08/2018

13:38

1.023

Големина на фонт

а а а

Активисти од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“, велат дека се за гасовод во Скопје, но не на Водно.

Оттаму денеска порачаа дека лага е информацијата од Владата дека трасата е скратена и велат дека за изградаба на гасоводот, ќе се исече шума со површина како булеварот Партизански одреди, од Центар до Влае.

„Не е точно дека теренот ќе се врати во првобитна состојба, затоа што мора да остане гол за пристап на возила. Не е точно и дека загадувањето во Скопје ќе се намали со изградбата на гасоводот“, изјави Андреа Јанков. Според него, доведувањето на гас во Скопје и другите градови ќе се оствари за најмалку 5 години, а не оваа есен како што тврди Владата.

Татјана Стојановска рече дека тие се за алтернативна траса, надвор од Водно и бараат од Владата да каже зошто ја одбрале токму оваа траса.

„Шилегов пред 8 месеци кажа дека оцената за влијанието врз животната средина е стара, а сега си гази на своите зборови“, рече таа.

Активистите од пред Владата побараа нова студија за влијанието на гасоводот врз животната средина. Тие рекоа дека чекаат Министерстворто за транспорт и врски да издаде дозвола за градба, по што, како што рекоа, веднаш ќе ја оспорат.

„Инсистираме да се најде алтернативна траса, здравјето на луѓето е најважно“, рекоа активистите и шеговито додадоа дека ако семејното насилство е форма на љубов, надлежните навистина го сакаат Водно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг