Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, непрестајно нѐ изненадува и воодушевува со своите модни комбинации, каде и да се појави.
Изгледа подеднакво одлично во свечени тоалети, како во панталони и кошула, а докажа дека одлично ѝ прилега и шешир.
На својата венчавка во мај оваа година, Меган заблеска во венчаница со потпис од модната куќа "Givenchy", која и понатаму е нејзиниот омилен избор за појавување во јавноста, а и за кралските свечености.
Имено, Меган од венчавката не престанува со верноста кон "Givenchy", а жените насекаде низ светот се воодушевуваат на секој нејзин избор.
Но, мораме да напоменеме дека модниот тренд, поради кој членките на кралското семејство остануваат верни на модната куќа која им ги креирала венчаниците, го започнала Кејт Мидлтон. Неа имавме прилика да ја видиме неколку пати после венчавката, во креации од брендот "Alexander McQueen", кој ја потпишал и нејзината легендарна венчаница.