Италијанскиот фудбал може да не стартува овој викенд, откако локалните медиуми објавија дека почетокот на Серија А овој викенд може да биде одложен по трагедијата во Џенова и рушењето на мостот во кој загинаа 40-тина луѓе, а многу повеќе се повредени.

Сампдорија веќе побараа одложување на нивниот меч со Фиорентина поради деновите на жалост во градот, а навивачите на Џенова јавно објавија дека нема да патуваат во Милано, каде што нивниот тим треба да ја почне сезоната во дуел со Милан. И навивачите на Фиорентина објавија дека доколку не се одложи мечот со Сампдорија, тие нема да патуваат во Џенова бидејќи „болката на оваа трагедија не треба да се прослави со фудбалски меч“.
Според „Ил секоло“, бидејќи Серија А треба да почне во сабота со дуелите Киево-Јувентус и Лацио-Наполи, а истиот ден се одржува и јавниот државен погреб за жрвтите, можно е да дојде до одложување.