Бремена ријалити ѕвезда славела роденден: Утрото била пронајдена мртва на тротоар во Менхетн, во пижами и со кокаин на телото

Точка

15/08/2018

21:42

6.144

Големина на фонт

а а а

Бремената ријалити ѕвезда, 26-годишната Лирик Мекхенри, била пронајдена мртва на тротоар во Менхетн во пет часот наутро. Нејзиното тело било пронајдено практично без облека, а на себе имала и кокаин.

Кобната ноќ Мекхенри славела роденден на неколку популарни локации на Менхетн, а првите сомнежи укажуваат на тоа дека Лирик се предозирала. Сепак, дури по аутопсијата ќе биде позната точната причина за нејзината смрт. 

Мекхенри, која била во 20. седмица од бременоста, била пронајдена облечена само во пижами и долна облека, со модринки на колената, но без други видливи повреди, наведува "New York Daily News".

Вниманието од јавноста го добила како најдобра пријателка на Еј Џеј, син на кошаркарската легенда Меџик Џонсон. Токму во реалното шоу на нејзиниот пријател од детството, "EJNYC", кое се емитувало на каналот Е!, се појавила во единствената сезона која се емитувала. Реалното шоу било замислено како њујоршка верзија на "Богатите деца од Беверли Хилс".




Спонзорирани линкови

Маркетинг