7 причини зошто мора да го посетите островот на Медитеранот кој има повеќе од 200 плажи

Точка

13/08/2018

20:09

8.808

Големина на фонт

а а а

Овој бисер на Медитеранот може да се пофали со повеќе од 200 плажи па сигурни сме дека сите ќе ја пронајдете идеалната за себе. Покрај тоа што таму е роден еден од најпознатите лидери на сите времиња, Наполеон Бонапарта, постојат уште неколку причини зошто мора да го посетите овој остров на Средоземното море.

1. Песочни плажи и тиркизно море 


Прекрасната глетка во облик на бели песочни плажи и тиркизно море стануваат реалност веднаш кога ќе стапнете на копното на островот. Сè што Ви преостанува е да одберете плажа и да уживате во капењето, сончањето и прекрасното природно изобилство на убавина.

2. Со пешачење до здравје


Еден од најдобрите начини за истражување на крајбрежниот и внатрешниот дел на островот е секако пешачењето. По својот пат можете да се впуштите самостојно со карта во рака или со некои од организираните тури.

3. Пробајте од традиционалната кујна на Корзика


Дестинацијата мора да ја запознаете секако кога ќе ги пробате традиционалните специјалитети, а на Корзика побарајте сувомеснати производи како и одличниот мед и кашкавалите.

4. Ништо без француско вино


Франција е позната по одличните вина, па и при посета на Корзика побарајте некое од квалитетните винарии како Clos Landry, Domaine Orsini, Domaine Saparle i Domaine de Torracia.

5. Истражете ги длабочините на тиркизното море


Богатата флора и фауна на Корзика ќе Ве привлечат за да ги истражувате, па нуркајте во длабочините на морето и уживајте во кристално бистрото море.

6. Посетете ги селата на ридовите


На врвовите на Корзка Ве поздравуваат малите села, од кои најпознато во подрачјето La Balagne е Pigne кое изобилува со традиционални уметности и занаети. Посетете го и Sant' Antonio, најстарото населено село на островот.

7. Дознајте што е тоа Paghjella


Доколку Ви се пружи можност, сигурно ќе го чуете овој збор, кој е вид на традиционално полифониско машко пеење од Корзика и на тој начин ќе имате блиска срдедба со културата и историјата на островот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг