За викендот во 25 сообраќајни несреќи едно лице го загубило животот, повеќе од 20 лица се здобиле со повреди

Макфакс

13/08/2018

11:24

444

Големина на фонт

а а а

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 25 сообраќајни незгоди. Во една од сообраќајните несреќи едно лице го загубило животот, едно се здобило со тешки телесни повреди, додека повеќе од 20 лица се со лесни телесни повреди, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од преземените мерки и активности, како што посочуваат од МВР, констатирано е дека 116 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. 

Од сообраќај, додаваат од МВР се исклучени вкупно 47 возачи. Осум од возачите управувале моторно возило под дејство на алкохол, 35 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи почетници. 

Исто така, исклучени од сообраќај се и 25 возила бидејќи биле нерегистрирани и едно возило бидејќи било технички неисправно, соопштуваат од МВР.

Санкционирани биле 11 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи бидејќи не дале првенство на минување на пешаци, пет неправилно се престројувале и еден возач поради неправилно престигнување, велат од МВР и додаваат дека меѓу санкционираните има и еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг