Германски „Стартап“ развива соларен електричен автомобил

Точка

10/08/2018

16:51

1.133

Големина на фонт

а а а

Компанијата “Sono Motors” со седиште во Минхен, го искористи топлото баварско лето за да го тестира финалниот развој на системот за полнење на својот автомобил “Sion”.

Станува збор за целосно електрично соларен автомобил кој што се полни за време на возењето. Автомобилот “Sion” на “Sono Motors”, компанија основана во 2016-та година, има интегрирани соларни ќелии во својата каросерија кои што ги полнат батериите.

Батериите на автомобилот може да се полнат со соларна енергија или со конвенционалниот извор на напојување. Производството ќе започне во втората половина од 2019-та година. Од “Sono Motors” потврдија дека веќе имаат 6,500 нарачки, а се очекува почетната цена на овој автомобил да изнесува околу 16 илјади евра.

“Sion” ќе има 330 соларни ќелии прицврстени на покривот, хаубата и бочните страни од возилото, а системот на батерии ќе овозможи досег од 250 километри со едно полнење.

„Имаме греачи на седиштата,клима уред и голем инфотејнмент систем каде што ќе може да се поврзе паметниот телефон. Тоа значи дека навистина имаме комплетен автомобил кој ќе биде многу едноставен, без премногу непотребни елементи“, изјави Лорин Хан, еден од основачите и извршен директор на “Sono Motors”, за британската новинска агенција „Ројтерс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг