Со видео од 8 јули Град Скопје се пофали дека утрово прскал против комарци

Макфакс

10/08/2018

15:39

1.408

Големина на фонт

а а а

Градската служба за информирање се пофали дека утрово било извршено третото авионско прскање против комарци во Скопје.

Во официјалното соопштение под зборовите „ Линк до видеото од утринското прскање против комарци, со авион“, поставено е видео на кое јасно стои дата од минатиот месец кога било објавено на „Јутјуб“, 8 јули.

Од Градот известуваат дека третото авионско прскање се извршило во раните утрински часови и дека ќе продолжи во наредните три дена, односно до 13 август, понеделник, а потоа ќе продолжи прскањето од земја.

„По ова продолжено и засилено прскање Град Скопје ќе изведе уште две прскања против комарци што се планирани кон крајот на август и на почетокот на септември“, соопштија од Градот.

Град Скопје призна дека пуштил погрешно видео

Град Скопје призна дека пуштил погрешно видео од прскањето против комарците. Оттаму појаснија дека наместо од денешното, до редакциите по грешка доставиле видео од прскањето што се случуваше минатиот месец.

„Очекуваме ново видео за прскањето против комарци, кое ќе се направи утре, и тоа ќе ви го доставиме“, се вели во реакцијата на Градот и се додава дека авионите ќе полетаат во пет часот од спортскиот аеродром „Стенковец“.

Од Градот велат дека прскањето почнало минатата ноќ, а ќе се одвива и во следните три дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг