Попова: Шилегов буквално им ја исцица крвта на скопјани

Макфакс

09/08/2018

16:26

1.244

Големина на фонт

а а а

Ваква наезда на комарци Скопје не памети досега, а тоа е повеќе од доволен факт кој говори за сериозноста на оваа тема, рече Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ, која додаде дека градоначалникот Шилегов буквално им ја исцицал крвта на граѓаните на Град Скопје.

Таа обвини дека неспособноста и неодговорноста, градските власти сакаат да ја прикријат со трагикомични изјави.

„Замислете, тие денес рекоа дека граѓаните мислеле дека не се прска од комарци само затоа што оваа година авионите не бучеле како што бучеле изминатите години кога се прскало. Што ли им бучи во главата на Шилегов и соработниците за да дадат вакво смешно и трагикомично образложение за тема кој што тангира над 600 000 граѓани и тема за којашто како партија во повеќе од 10 наврати изминатиов период алармиравме дека претставува сериозна закана по здравјето на граѓаните во Градот Скопје“, јавно запраша Попова.

Таа додаде дека граѓаните не веруваат во овие лаги и дека тие не заслужуваат некој вака да си поигрува со нивната интелигенција.

„Секој ден аптеките и амбулантите се полни со лица кои бараат средства за заштита од комарци или уште полошо да ги санираат отоците, алергиите, егземите или не дај боже заразните болести што ги шират комарците. Темата е дотолку сериозна што веќе медиумите пишуваат дека во соседна Грција се починати 2 лица од убод на комарци кои носеле смртоносна болест по здравјето на граѓаните“, предупреди претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот Попова повика Шилегов да го реши проблемот со којшто се соочуваат граѓаните или да замине од функцијата и да дозволи на негово место да дојде некој што ќе знае и ќе може да го реши.



Спонзорирани линкови

Маркетинг