БМВ укинува модел поради неговата непопуларност...

Точка

09/08/2018

13:53

5.613

Големина на фонт

а а а

Актуелната верзија на БМВ Серија 3 ГТ престанува да се произведува во 2020-та година, а според неофицијалните информации, Баварците одлучиле овој модел да не добие свој наследник.

Автомобилот кој што е воведен како компромис помеѓу класичната лимузина и караванот, во последно време привлекува се помалку купувачи кои што предност му даваат на кросовер/СУВ возилата.

БМВ Серија 3 ГТ беше лансирана во 2013-та година, а рестилизиран во 2016-та година. Тогаш германскиот производител соопшти дека овој модел најдобро се продава во Кина, Германија и САД, а на повеќето од купувачите тоа им е првиот БМВ автомобил кој што го поседуваат.

Сепак, пазарот на автомобилите во меѓувреме помина низ значајни промени, па на него сега многу доминираат кросоверите, за разлика од времето кога БМВ го планираше моделот Серија 3 ГТ.


Да потсетиме, БМВ со последната генерација на Серија 3, покрај некои модели како купето и кабриолетот, издвои и посебна Серија 4, а воведе и целосно две нови верзии – споменатиот ГТ и Серија 4 Гран Купе.

Со тоа „семејството“ на некогашната Серија 3, покрај седанот и караванот порасна на шест членови, што се чини дека е преширока понуда а само еден автомобилски сегмент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг