Топлотниот бран ги уништи комарците во Финска

Макфакс

08/08/2018

12:30

2.051

Големина на фонт

а а а

Невообичаено топлото лето го намали бројот на комарците во Финска, но затоа се намножија други инсекти.

Во Финска, како и во остатокот од Европа, температурите достигнуваат максимални вредности. Финските експерти велат дека во државата е забележан најжешкиот јули, а температурата во еден град достигна 33,7 Целзиусови степени.

Комарците, кои се честа појава во Финска во текот на летните месеци, беа речиси уништени во некои делови на земјата поради топлина.

Д-р Јука Салмела од Универзитетот во Лапланд вели дека плитките езера, кои служат за размножување на комарците, пресушиле, што влијаело на намалување на бројот на ларвите.

Д-р Салмела предупредува дека овие услови се идеални за размножување коњски муви.

Екстремно топлото време, исто така, влијаеше и на финските производители на млеко.

Пониските приноси на сено може да доведат до недостиг од добиточна храна, поради што голем број животни може да завршат во кланица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг