Финансиската полиција врши претрес во домот на Стевче Јакимовски

Макфакс

07/08/2018

19:40

6.279

Големина на фонт

а а а

Полицијата попладнево врши претрес во домот на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски во Жданец.

Претресот се врши по налог на финансиската полиција, која се сомнева дека Јакимовски направил злоутреби во однос на три тендери, од кои два за општинските бараки, а еден за плоштад во Жданец. 

Јакимовски тврди дека овие обвинувања не можат да бидат насочени кон него, бидејќи работите за кои го сомничат ги вршат општинските служби. 

Во домот на Јакимовски присутен е и неговиот адвокат, Виктор Цветковски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг