Најдобар акционен филм во последните 10 години: За два дена заработи 61 милион долари

Точка

31/07/2018

10:53

6.161

Големина на фонт

а а а

„Mission: Impossible - Fallout“, е шестиот по ред од продолжението на акцијската франшиза во која главната улога ја игра Том Круз. Том Круз и понатаму ја восхитува публиката со своите каскадерски способности, па така филмот минатиот викенд заработи најголем приход до сега во Северна Америка, надминувајќи ги сите претходни делови на Неозможна мисија.

Продукциската куќа Парамаунт, во првите три дена од прикажувањето заработи 61,5 милион долари, четири пати повеќе од второпласираниот филм „Mamma Mia“, кој во текот на викендот заработи 15 милиони долари.

Филмот за Итан Хант овој пат е режиран од страна на оскаровецот Кристофер Мекуари, три години по последниот филм Невозможна мисија. Остатокот од актерската екипа е составена од Хенри Кавил, Винг Рамс, Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Ванеса Кирби и други.

Во новото продолжение, „невозможниот“ 56-годишен Круз, кој и понатаму сам ги изведува најопасните сцени, трага по исчезнатиот плутониум и еден терорист. И покрај видливите недостатоци и иако е „често блесав“, Вашингтон Пост смета дека филмот делува неверојатно добро, а воедно и филмскиот сајт Rotten Tomatoes смета дека франшизата е препородена со снимањето на овој филм и дека можеби сега го имаме најдобриот акционен филм во последните десет години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг