Бродовите на НАТО впловија во Одеса, не е познато која е целта

Макфакс

23/07/2018

15:44

1.357

Големина на фонт

а а а

Поморска група на НАТО вплови денес во јужното украинско пристаниште Одеса, соопшти прес-службата на украинската морнарица.

Во соопштението се наведува дека пристигнале бродовите на НАТО – поморска група 2 и група 2 за дејства против мини. Не е наведено колку долго ќе трае посетата, ниту која е нејзината цел.

Минатата недела во Украина заврши меѓународната вежба во која учествуваа поморски, противвоздушни, противподморнички и спасувачки сили. Во вежбите учествуваа силите на Украина, САД, Бугарија, Канада, Данска, Естонија, Грузија, Грција, Индија, Италија, Литванија, Молдавија, Норвешка, Полска, Романија, Шведска, Турција, Обединетите Арапски Емирати и на Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг