СДСМ: Македонија веќе не е заробена држава

Макфакс

22/07/2018

13:42

1.037

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно шири невистини и измислици во обид да го прикрие деструктивното однесување преку коешто се обидува да ја закочи македонската иднина, реагира СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Заев како од ракав дели милиони евра на сопартијци.

„Времето на криминал, насилства, задолжувања, газења на човековите права и слободи заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Македонија повеќе не е заробена држава, туку е слободна, демократска, напредна држава – пријател и партнер на регионот и демократскиот свет. Ниту една лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги прикрие реалните факти коишто велат дека платата во мај 2018 година е за 7,1 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2017 година, дека само во првиот квартал се влезени рекордни 235 милиони странски инвестиции, дека Македонија е на чекор до влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ“, велат од СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг