„Bohemian Rhapsody“: новиот трејлер за почетоците на Queen, музиката и сексуалната определба на Фреди

Точка

19/07/2018

19:28

3.395

Големина на фонт

а а а

Уште еден доказ дека Рами Малек е идеален актер кој успешно ја доловува улогата на легендарниот вокал на Queen, Фреди Меркјури. Вториот трејлер на „Bohemian Rhapsody“ презентира делови од животната биографија на Фреди и неговото придружување во бендот кој ќе стане еден од најлегендарните бендови во светот на музиката на сите времиња.


Не само што во потполност ги доловува сценските движења на Фреди - од агресивниот гламур на почетоците до познатата мачо-тупаница, едно од најпрепознатливите движења од неговата инкарнација во '80-те. Исто така, не е изоставена и хумористичноста и харизмата на главниот вокал. Во една сцена, актерот кој ја игра улогата на тапанарот во бендот, сака да фрли шише, на што Малек коментира: „Роџер, во овој бенд има простор за само една драматична кралица“. 

Трејлерот низ испреплетени сцени ни ги презентира првите денови од почетокот на кариерата на Queen и нивното прославување. Како и многу животни биографии, па така и тука се споделени детали за стилот на облекување, нивните фризури, инциденти од снимањата. Во видеото ги гледаме снимањата на легендарните “We Will Rock You” и секако, насловната песна на филмот, „Bohemian Rhapsody“.

Трејлерот ни презентира алузија од интимниот живот на Фреди и неговата сексуална определеност. Најпрво, инсертите нè запознаваат со неговата прва девојка Мери Остин, а потоа и со мажите со кои бил емотивно инволвиран - и истите не водат до неизбежен заклучок за неговата смрт која се поврзува со неговото заболување од СИДА, во 1991.

Трејлерите кои досега се јавно пуштени, ветуваат многу. А каков ќе биде целиот филм, останува да видиме.

Во „Bohemian Rhapsody“ играат и Луси Бојнтон, Гвилим Ли, Бен Харди, Џозеф Мацело, Аидан Гилен, Том Холандер и Мајк Маерс. Премиерата на филмот е закажана на 2 ноември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг