Демократски сојуз: Без разлика на карактерот на референдумот, резултатите ќе бидат обврзувачки за сите

Макфакс

19/07/2018

13:03

768

Големина на фонт

а а а

Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение со Грција сврзано со разликите за нашето уставно име – Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот, да се консултираат граѓаните.

„Договорот со Грција е постигнат, Законот за ратификација на договорот е донесен, при што пред промените во Уставот, неопходно е да се изјаснат граѓаните на консултативен референдум. Без разлика на карактерот на референдумот, резултатите ќе бидат обврзувачки за сите.

Доколку референдумот е успешен, тогаш Парламентот има обврска да ги усвои уставните измени, во спротивно, се сè враќа на почеток и ќе се блокираат евро-атланските процеси“, стои во соопштението на партијата.

Демократскиот сојуз смета дека само со објективно и аргументирано информирање за предностите од членството во НАТО и ЕУ, граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука и ќе ги отворат перспективите за Македонија. Од таму додаваат дека членство во НАТО и ЕУ обезбедува стабилност, безбедност и правна сигурност, како основни предуслови за економски развој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг