Лоув: Вилијамс е мојот најголем предизвик

КРУГ.МК

18/07/2018

16:03

1.291

Големина на фонт

а а а

Техничкит шеф на Вилијамс, Пади Лоув, смета дека се соочува со најголемиот предизвик во неговата Формула 1 кариера во моментот кога сака да ја врати екипата од Гров на вистинската патека. Од почетокот на сезоната Вилијамс е најслаба екипа во првенството, а во последно време аеродинамичките проблеми се видливи со “голо око“ како што беше случајот на Силверстон.

Пади дојде во Вилијамс на почетокот на 2017 година од шампионскиот Мерцедес и смета дека тоа искуство може да го мотивира и да го даде потребното искуство за излез од кризата во Гров. Освен шампионскиот престој во Мерцедес, Лоув има помогнато и на Вилијамс и Мекларен во минатото да дојдат до титули.

„Мометналната ситуација е најголем предизвик кој сум го имал до сега. Сум имал и други предизвици, но ситуацијата била поинаква, така што ова е голем и нов предизвик за мене.

Низ годините имав среќа во мојата Формула 1 кариера да не работам во екипа која не била на врвот во однос на перформансите, така што секогаш “играв“ на врвот или барем влиску до него. Новина е за мене да работам за екипа за која има огромна работа за да се врати на местото каде треба да биде.

Се создаваат нови предизвици лично за мене, го слушам тоа секогаш, некогаш работите одат добро, некогаш не, ако пак се вратиме лани би направил некои работи поинаку, но таков е животот. Се соочувате со предизвици и учите од нив, градите искуство за следниот пат да не погрешите“, појасни Пади.

Британецот не е разочаран со бавното опоравување на тимот, туку е инспириран од потенцијалот кој го има тркачката екипа.

„Колку повеќе разбираме каде сме и што не работи толку сум повеќе позитивно расположен за напредокот кој можеме да го нрпавиме. Ние сме одлична екипа, имаме одлични креативни инженери во Гров и мислам дека ако работиме во вистинска насока, ќе ги свртиме работите во наша корист и ќе направиме чекор во вистинска насока“.

Аеродинамиката се чини е главна мака на екипата, така што и самодовербата на двајцата возачи се намалува по непредвидливото однесување на болидот со донесените новини на Британското Гранд При. Многумина сметаат дека сезоната за нив е загубена и дека треба што поскоро целосно да се посветат на 2019 година.

„Како што доаѓаме до момент во кој сите екипи се вртат кон следната година, се фокусираме на делови од пакетот кој се важни и за следното првенство. Се повеќе се движиме до таа точка со овој болид што треба да биде слично и кај другите екипи затоа што правилата следната година во однос на аеродинамиката значително ќе се променат, но делови ќе се користат и другата година. На пример, веројатно нема да го корегираме многу стрничниот дел од предното крило“, заврши Пади.



Спонзорирани линкови

Маркетинг