Еве зошто се најмоќни: Погледнете колку и каде продавале Американците оружје во последните 70 години...

Точка

18/07/2018

15:37

5.628

Големина на фонт

а а а

Интересна анимација ја прикажува продажбата на американско оружје на земјите ширум светот во периодот од 1950-та па се до 2017-та година.

Користејќи ги статистичките податоци на институтот “SIPRI” (Stockholm International Peace Research Institute), научникот Вил Гери направи интересна анимација која што ја прикажува американската продажба на оружје на државите ширум светот од 1950-та година до 2017-та година.

Познато е дека Соединетите Американски Држави се далеку најголем извозник на оружје на светот, а најголеми купувачи на американско оружје се западноевропските земји, Канада, Јапонија и Турција.


Интересен е податокот кој што може да се воочи на анимацијата е тоа што во 60-тите години од минатиот век, најмногу американско оружје купувале Германија и Иран. Американците големи количини на оружје им продавале на Иранците кои што тогаш биле сојузник на САД се до 1979-та година, односно до револуцијата во оваа азиска држава.

Слична ситуација на анимацијата може да се воочи и кај Либија каде што исто така пристигнувала голема количина на американско оружје се до доаѓањето на Моамер Гадафи на власт во 1969-та година.



Неодамна од истиот стокхолмшки институт објавија дека во последните пет години извозот на оружје на САД е зголемен за 25%, односно дури 34% од вкупниот светски извоз на оружје им припаѓа на Американците, со тоа што 49% од оружјето завршува на Блискиот исток.



Спонзорирани линкови

Маркетинг