СДСМ: Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да им го ускрати правото на граѓаните да одлучуваат

Макфакс

18/07/2018

12:47

1.113

Големина на фонт

а а а

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение истакна дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да им го ускрати правото на граѓаните да одлучуваат.

„ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно го блокира изборот на Државната изборна комисија со што во прашање го доведува одржувањето референдум за иднината на државата. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата. Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ 10 години во секој јавен настап, во секоја изборна програма тврдеше дека граѓаните ќе го имаат последниот збор за решението за спорот со името. Денес, кога постои Конечен договор, кога реферндумот е извесен, ВМРО-ДПМНЕ на секаков начин бега од обврската за референдум“, се вели во соопштението на СДСМ.

Владејачката партија додава дека на ВМРО-ДПМНЕ не му се важни интересите на граѓаните, туку амнестијата на криминалот на врвот на нивната партија и судбината на Никола Груевски.

„СДСМ како одговорна и државотворна партија има обврска пред граѓаните да ја обезбеди иднината на Македонија. Никој не смее и никој нема да им го ускрати правото на граѓаните на референдум, слободно да одлучат за својата иднина. Им се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија нема да остане заложник на нивниот криминал. Граѓаните ќе го кажат последниот збор на референдум, ќе кажат ДА за македонската иднина и влез во ЕУ и НАТО“, смета СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг