ВМРО-ДПМНЕ: Начинот на кој СДСМ сака да го промени Изборниот законик, отвора можност за манипулации

Макфакс

17/07/2018

18:58

915

Големина на фонт

а а а

Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик се обид за создавање на простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната изјава на Александар Кирацовски од СДСМ.

Оттаму обвинуваат дека со ваквиот потег владејачката партија сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса, овие измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата.

„Само на тој начин може да се гарантира фер и демократски услови при изборен процес и вистинско изразување на волјата на граѓаните. Флагрантната злоупотреба на европското знаме на закони кои не се во согласност со европското право е само уште еден од низата директни удари врз демократијата“, сметаат од опозициската партија.

Додаваат и дека лажното подметнување на ставот на Венецијанската комисија е уште еден доказ дека СДСМ ги преминува сите граници на пристојност и демократска култура.

„ВМРО-ДПМНЕ останува на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес“, се наведува во партиското соопштение кое завршува со пораката дека криминалите на Зоран Заев и картелот на власт не смее да се покриваат со продавање на највисоките национални интереси и напад врз демократијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг