Шварценегер жестоко го нападна Трамп: Што се случува со вас? Во секој момент очекував да побарате автограм и селфи со Путин

Точка

17/07/2018

12:25

4.759

Големина на фонт

а а а

Популарниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер порача дека Доналд Трамп пред Владимир Путин изгледал како момче-фан на рускиот претседател.

„Претседателе, штотуку ја погледнав вашата конференција за новинари со претседателот Путин, беше срамно. Стоевте таму како некој фан. Се прашував дали ќе побарате од него автограм или ќе направите селфи“, порача Шварценегер во неговото видео-обраќање објавено на социјалната мрежа Твитер.

Според Шварценегер, после обраќањето во Хелсинки, американскиот претседател Доналд Трамп ја предал американската разузнавачка служба, системот на правосудството и ја предал целата земја.

„Вие сте претседател на САД, не би требало да правите вакви работи. Што се случува со вас? Што се случи со силните зборови на Роналд Реган кој што стоеше пред Берлинскиот ѕид и побара од Горбачов да го сруши?“, запраша Шварценегер кој на крајот од своето обраќање, длабоко воздивна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг