СДСМ тврди дека е зголемен бројот на откирени и расветлени случаи во МВР

Макфакс

16/07/2018

17:46

777

Големина на фонт

а а а

Фактите ги демнатираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата работи професинално, зголемен е бројот на откирени и расветлени случаи. Ваков е ставот на СДСМ, по обвинувањата од страна на опозицијата.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата која што масовно ги партизираше институциите и полицијата, а од Министерството за внатрешни работи направи ВМРО-МВРО нема никаков кредибилитет да зборува за состојбата во полицијата. Официјалните факти јасно покажуваат дека нивото на криминалитет е драстично опаднато во споредба со перидот кога ВМРО-ДПМНЕ управување со МВР. Истовремено зголемен е и бројот на откриени, расветлени кривични дела и поднесени кривични пријави, а се гради и стратешки пристап кон зголемување на безбеднбоста. Сето тоа ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ“, реагира владејачката партија.

Од СДСМ, преку соопштение до јавноста, додаваат дека за разлика од перидот кога ВМРО-ДПМНЕ ја партизирало и злоупотребувало полицијата, денес со процесот на професионализација полицијата е партнер и пријател заштитник на граѓаните којашто, како што тврдат, работи независно професионално и неселктивно во обезбедувањето на безбедноста и законите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг