Колинда Шоу го украде Мундијалот: Хрватската Претседателка ги засени и фудбалерите

Дерби

16/07/2018

10:29

6.346

Големина на фонт

а а а

Франција е новиот светски шампион и тоа откако во завршната битка за пехарот ја победи репрезентацијата на Хрватска со 4-2. Ова беше голем шок за Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, која од почетокот на Мундијалот во Русија, постојано е центар на внимание.

Овој пат, иако нејзината репрезентација изгуби, сепак таа повторно успеа да го украде вниманието на јавноста со постојаното играње и скокање во ВИП ложата.

Дури и кога се доделуваа наградите, таа со прегрнувањето и гушкањето на сите фудбалери, судии и службени лица успеа повторно да го украде моментот на славје и на Французите, со што социјалните мрежи,,прегореа” со реакции на јавноста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг