EXIT Freedom: Проследете го отворањето во живо на најдобриот европски фестивал!

Точка

12/07/2018

22:45

1.433

Големина на фонт

а а а

По минатогодишниот говор на активистите од глобалното движење "Standing Rock" и емотивните и инспиративни зборови на еден од најдобрите светски мотивациони говорници Ник Вујичиќ, и овогодишниот EXIT ќе биде официјално отворен со вистински спектакл, а темата на отворањето е и мото на овогодишниот фестивал - EXIT Freedom!

За прв пат во историјата на EXIT, на главната сцена ќе настапи еден од најголемите балетски ѕвезди на нашето доба - Сергеј Полунин. Нему ќе му се придружат и "Almazian Symphony", гудачки оркестар предводен од Хачатур Алмазијан, ерменски виртуоз на виолина кој изведува класични дела во "crossover" стил. 

По церемонијата, традиционално следува огномет, по кој на сцената ќе настапи поп-дивата Фивер Реј, а по неа и моментално најпопуларните ѕвезди на светската хип-хоп сцена - американската група Мигос.

Проследете го целиот настан во живо на следниот линк и уживајте во одличната атмосфера:



Спонзорирани линкови

Маркетинг