Вучиќ за Хрватска-Русија: Го исклучив звукот, не можев да слушам како на ТВ навиваат за Хрватска

Точка

09/07/2018

18:26

5.047

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го прокоментирал натпреварот меѓу Хрватска и Русија и рекол дека Англија во полуфиналето би можела да има повеќе навивачи во Србија од тоа што можат Англичаните да замислат.

"Го гледав натпреварот, второто полувреме и продолженијата, навивав за Русија. Бидејќи некои ме критикуваа, тоа е мое право. Србија е демократско општество во кое секој може да навива за кого сака", рекол Вучиќ за "Novosti", пренесува "Index". 

Вели дека и пред натпреварот рекол дека Хрватска има подобар тим, но дека не гледа причина зошто би навивал за противниците на Русија.

"Ни јас не сум фасциниран од многу работи. Не сум воодушевен од песните на Томпсон. И илјада пати да има таков натпревар ќе навивам за Русија. Па нека се нервираат оние кои сакаат да се додворуваат на некои на Запад", рекол.

Натпреварот во Србија го пренесувала РТС, чии коментатори биле критикувани од многумина во земјата. Вучиќ рекол дека првиот пренос бил добар, но дека вториот бил премногу навивачки и дека после тоа го исклучил "звукот".

"Не како пренесуваат како сакаат, не ми е важен звукот", додал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг