Во живо: Почна акцијата за спасување на заробените деца во пештерата

Макфакс

08/07/2018

11:10

9.124

Големина на фонт

а а а

Акцијата за спасување на 12 деца и нивниот фудбалски тренер од пештерата во Тајланд почна околу 10 часот по локално време.

Спасувачите влегле во пештерата, а претходно на новинарските екипи и на останатите присутни им било кажано да ја напуштат околината. Во близина на пештерата останале само спасувачите, лекарите и обезбедувањето. Пристигнати се неколку амбулантни возила и хеликоптери за децата брзо да бидат пренесени во болница.

Акцијата ќе ја спроведат 13 нуркачи, осум странски и пет припадници на тајландските „фоки“. Засега не е јасно на кој начин децата ќе бидат извлечени од пештерата Там Луанг. Инаку, на искусните нуркачи им се потребни 11 часа да стигнат од влезот на пештерата до децата и назад. Поради тоа, Би-би-си наведува дека акцијата ќе трае најмалку 11 часа, а дека првото дете најрано би можело да излезе околу 21 часот по локално време.

Командирот на спасувачката акција, Наронгсак Осотанакорн, вели дека децата и тренерот се физички спремни и ментално решителни за извлекување од пештерата и дека акцијата е почната затоа што нивото на водата во пештерата е оптимално. Тој, исто така, рече дека акцијата може да трае и два до четири дена.

Тој претходно кажа дека идеални услови за почеток на спасувачката акција ќе има во наредните два до три дена, но, сепак, акцијата почна порано.

Децата и тренерот се заробени во пештерата од 23 јуни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг