Нивото на кислород во пештерата драстично опаднало, нуркач вели: "Наскоро тргаме во акција"

Точка

06/07/2018

17:41

3.208

Големина на фонт

а а а

Се уште не се знае како децата кои веќе десет дена се заробени во пештерата во Тајланд ќе бидат спасени. Колку е опасна и тешка акцијата за нивното спасување, светот се уверил на најлош можен начин. Имено, еден од спасувачите загинал откако нуркајќи останал без кислород.

"Условите внатре се тешки. Го оставил резервоарот со кислород, па на враќање ја изгубил свеста. Неговиот колега се обидел да му даде прва помош, но безуспешно", рекол командантот на тајландските морнарички фоки, адмирал Апакорн Јоо-Конгкаев. "Нема да дозволиме неговата жртва да биде залудна. Ќе продолжиме понатаму", рекол тој, пренесува "Reuters". 

Смртта на искусниот нуркач за многумина е доволен знак дека опасната мисија во која децата би се обиделе да се извлечат со нуркање низ мрачните, тесни тунели лесно би можела да заврши трагично. На спасувачите не им оди од рака ни прогнозата која за викендот најавува големи дождови, кои дополнително со вода ќе ја пополнат поплавената пештера.

Но, се појавил и нов голем проблем. Како што јавува "CNN", во пештерата паѓа и нивото на кислород.

Пред неколку дена се зборувало за тоа дека децата во пештерата можеби ќе останат повеќе од четири месеци, додека нивото на водата не опадне. Но, смртта на искусниот нуркач и фактот дека нивото на кислород може да опадне до сериозно ниски новоа, ќе ја забрза целата операција за спасување.

Командантот Апхакорн Јоо-Конгкаев рекол дека нивото на кислород опаднало за 15 проценти. Тоа би можело да доведе до големи здравствени потешкотии за децата.

"Не можеме повеќе да чекаме сите услови да се усогласат", им рекол тој на новинарите.

"Најпрво мислевме дека децата можат да останат таму многу подолго. Но, околностите се променија. Сега сме ограничени со време", додал тој. Новиот приоритет е достава на дополнителен кислород со помош на големи цевки.

Се бара влез од површина

Поради целата ситуација се бараат алтернативни начини. Десетици војници, спасувачи и локалци, како што пишува CNN, трагаат по природни пукнатини и дупки на површината, кои би можеле да се поврзат со децата. Со други зборови, се бара непознат влез во пештерата, преку кои спасувачите би дошле до уморните деца.

Голем број на војници и други експерти ја чешлаат шумата. Станува збор за зараснато подрачје, па голема е веројатноста ако постои влез во пештерата, да биде покриен со зеленило или невидлив.

Јасно, постои цела низа на влезови во пештерата, но прашање е каде водат. Така еден трагач, пронашол потенцијален влез. Но, брзо било откриено дека истиот не води никаде.

Наскоро, пишува "CNN", бил откриен друг влез, кој ветувал повеќе. Екипа од шест лица успеала да спушти со јаже до 275 метри. GPS координатите покажале дека од децата се оддалечени на само 275 метри. Но, уследило разочарување.

"Тоа е слепа улица", викнал некој од јамата.

Помош доаѓа од сите светски краишта.

"Дојдовме со тајландскиот воен тим за да бараме влезови и дупки кои би воделе до пештерата", рекол Марио Вајлд, 28-годишен Австралиец. "Засега нема успех", додал тој.

Роднините чекаат пред пештерата, а најавени се големи врнежи

Роднините на децата се собрале во четвртокот во близина на пештерата, а една мајка рекла дека уште не била во можност да контактира со синот. На децата им биле донесени храна и вода, а истовремено се пумпа водата од тунелите за да се намали нејзиното ниво.

Метеоролошката служба предупредила во четвртокот дека во поголем дел од земјата може да се очекуваат силни дождови.

Дански нуркач: Може да започнеме уште денес

Во акцијата за спасување на децата се вклучил и данскиот нуркач Иван Караџиќ, кој за "Sky News" рекол дека очекува дека акцијата за спасување ќе започне многу брзо.

"Ќе биде многу тешко, но мислам дека акцијата ќе започне наскоро. Ова ќе биде огромен предизвик. Акцијата би можеле да ја започнеме денес или утре", рекол тој во разговор за "Sky News".



Спонзорирани линкови

Маркетинг