На децата им носел кислород, а немал за себе: Ова е херојот кој почина додека ги спасуваше заробените деца

Точка

06/07/2018

16:08

6.461

Големина на фонт

а а а

Почина Саман Кунан, нуркачот кој учествуваше во акцијата за спасување на децата заробени во пештера во Тајланд, откако останал без воздух под вода.

Кунан доброволно се пријавил да волонтира и помага во спасувањето на 12 деца и нивниот тренер, а починал додека се враќал во центарот од кој што се задавале инструкциите, бидејќи веќе ги доставил боците со кислород.

Станува збор за тајландски морнар, одлично обучен.

„Неговата задача била да ги достави боците со кислород. Но тој немал доволно кислород за себе, додека се враќал“, изјави тајландскиот претпоставен за операцијата, додавајќи дека станува збор за човек кој работел во морнарница и сега се приклучил на спасувачката операција.

„Во пештерата е страшно тешко. Неговиот колега се обиде да му даде прва помош, но не успеа. Кога го извлековме, повторно се обидевме да му дадеме прва помош, но не реагираше, а потоа го префрливме во болница“, изјави командирот на тајландскиот морнарски тим, Арпакорн Јукунг. Исто така додаде дека спасувачката операција ќе продолжи.

Во акцијата за спасување на децата се вклучени 1.000 лица, меѓу кои има нуркачи, воен персонал и волонтери.

Официјалните лица исто така рекоа дека се загрижени за нивото на кислород во пештерата во која што се наоѓаат децата, бидејќи се намалува.

За сега децата се во добра здравствена состојба и редовно добиваат храна и лекови.

Потсетуваме, 12 деца и нивниот тренер се наоѓаат во пештерата речиси две недели, а спасувачите се тркаат со времето за да ги спасат што е можно побрзо, бидејќи за викендов е најавеннов бран со дожд. Една од опциите е сушење на пештерата, како и тоа децата да научат да нуркаат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг