Драматичен пресврт: Спасувачите пронашле дупка во пештерата која би можела да биде спасот за заробените деца

Точка

06/07/2018

12:54

5.098

Големина на фонт

а а а

Од 23-ти јуни децата и нивниот тренер на Тајланд исчезнаа, по што беа пронајдени во пештера чиј што приод сега е поплавен, а со тоа е невозможно да излезат безбедно од пештерата.

Децата и нивниот тренер кои веќе со денови се заробени во пештерата на Тајланд може да бидат спасени преку дупка која што спасувачите ја пронашле и истата можно е да биде искористена во операцијата за нивно извлекување.

Фудбалерите и нивниот тренер исчезнаа на 23-ти јуни, а во понеделникот навечер беа пронајдени во пештера чиј што приод сега е поплавен, па од тогаш трае трката со времето затоа што делот од пештерата каде што се наоѓаат наскоро би можел да биде поплавен.

Од утре и официјално започнува сезоната на монсуни на Тајланд, па се стравува од најлошото, па затоа спасувачите се во трка со времето. Спасувачката мисија засега однесе еден живот, откако професионален нуркач утринава го загуби животот во обидот да стигне до делот од пештерата каде што се заробени децата и нивниот тренер.

Претходно, докторите проценија дека децата се премногу слаби да го издржат долгото нуркање низ лавиринтите од пештерата, нешто што е тешко дури и за професионалните нуркачи, што најдобро го докажува последниот несреќен случај.

Поради овие околности, некои експерти проценија дека децата и тренерот би можеле да останат заробени во пештерата во следните четири месеци додека траат монсуните, односно додека не се испразнат поплавените приоди кон галериите во внатрешноста.

Исто така, загрижувачки е и тоа што се намалува нивото на кислорот во пештерата каде што моментално се децата со тренерот. Засега, децата се во добра здравствена ситуација и редовно им се доставува храна и лекови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг