Смртоносната пештера во Тајланд го однесе првиот живот: Загина нуркач кој им помагал на заробените деца

Точка

06/07/2018

09:56

3.805

Големина на фонт

а а а

Тајландскиот нуркач Саман Кунан, кој волонтирал во операцијата за спасување на заробените 12 деца и нивниот тренер, починал поради недостаток на воздух додека се обидувал да се врати во командниот центар, изјавил заменик гувернерот на Чианг Раи, Пасакорн Бонјалак.

Командниот центар се наоѓа 2 километри во внатрешноста на пештерата, каде младиот фудбалски тим и нивниот тренер се заробени речиси две недели. 

Кунан кој бил во своите триесетти години, се вратил по испораката на боца со кислород до пештерата каде што биле децата, кога останал без воздух додека бил под вода.

“Нуркањето е секогаш полно со ризици. Можеби се онесветил, а потоа и се удавил, но мораме да ги почекаме резултатите од обдукцијата”, изјавил шефот на морнарицата.

Кунан е поранешен тајландски маринец кој изгубил свест додека излегувал од пештерскиот комплекс, во кој доставувал боци со кислород.

“Неговата задача беше да испорача резерви на кислород, но тој немал доволно кислород за себеси додека се враќал”, изјавил еден тајландски портпарол и додал дека станува збор за човек кој некогаш работел во морнарицата, а сега се приклучил кон акцијата за спасување.

“Условите во пештерата се многу тешки. Откако го оставил резервоарот со кислород, на враќање изгубил свест. Неговиот колега се обидел да му даде прва помош, но не успеал да го спаси”, рекол командирот на СЕАЛ, Апакорн Јуконгкаев. “Нема да дозволиме неговата жртва да биде залудна. Ќе продолжиме понатаму”, рекол Апакорн.

Во акцијата за спасување на децата се вклучени 1000 лица, а помеѓу нив се нуркачи, воени лица и волонтери. Засега децата се во добра здравствена состојба и редовно им се доставува храна и лекови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг