Нова несреќа за заробените деца: Волонтери направиле страшна грешка која што дополнително ја искомплицира спасувачката акција

Точка

06/07/2018

10:30

10.464

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата околу спасувањето на заробените деца во пештерата на Тајланд е влошена откако во текот на акцијата за спасување, спасителите волонтери ненамерно наместо да испумпаат, тие испуштиле дополнителна количина вода во пештерата.

Командирот на акцијата за спасување открил дека волонтерите, делувајќи самостојно, впумпале вода во делот од пештерата кој што бил поплавен и кој моментално се празни за децата заедно со тренерот да можат безбедно да излезат.

„Можеби веруваат дека нивните техники се ефектни за вадење на подземните води, но се што планираат мора прво да го проверат со нас. Ние сме во трка со водата која што се слева во пештерата, иако се затворени каналите низ кои што досега течеше вода“, изјави командирот за тамошните медиуми.

На волонтерите им било укажано дека направиле голема грешка, а официјално лице од Министерството за внатрешни работи на Тајланд открил дека нивото на водата било намалено за околу 40% во последните неколку дена, со што речиси целосно била расчистена делницата од 1,600 метри која што децата мора да ја поминат.

Тие моментално се наоѓаат на околу четири километри од влезот во пештерата, а најголем проблем засега е комуникацијата, додека нуркачите ги разгледуваат опциите кои што им се на располагање за извлекување на децата пред сезоната на монсуните која што и официјално започнува во сабота.



Спонзорирани линкови

Маркетинг