Премиерот Зоран Заев ја доби наградата Европска личност на годината што ја доделува Агенцијата за избор на најменаџер во Босна и Херцеговина, Југоисточна и Средна Европа и Европското здружение на менаџери.
Заев рече дека му е чест што ја добива наградата трета година по ред, втора како премиер.
„Премиерот Заев соопшти дека годинешната плакета за европска личност на годината, ја посветува на сите негови колеги од регионот, премиерите од Босна и Хецеговина, Црна Гора, Албанија, Србија, Косово, на премиерите од Бугарија и од Грција, како и на граѓаните на сите наши држави“, соопшти владината прес-служба.
Причина за тоа, како што рекол Заев, е тоа што лидерите од регионот и граѓаните заедно покажаа лидерство за добра сегашност и добра иднина, а само преку тоа заедништво и соработка, стана возможно да се постават мостовите меѓу нас во регионот и мостовите меѓу нашиот регион и Европа.