Светот на нозе! Децата во смртна опасност! Мораме да ги спасиме до недела, доаѓаат големи дождови и ќе ја поплават пештерата: Во оптек 3 плана, нуркач објаснил што е најголем проблем

Точка

05/07/2018

17:37

9.449

Големина на фонт

а а а

Минале три дена откако децата со тренерот биле пронајдени во пештера на северот на Тајланд. Тие и натаму се заробени под земја, но сега имаат ќебиња, храна, медицинска нега, а друштво им прават нуркачи и лекар.

Спасувачките напори, во кои се вклучени неколку меѓународни тимови и стотина луѓе, продолжуваат на три одвоени фронтови. 

Планот А е да ги научат децата да нуркаат за да можат да излезат од пештерата заедно со нуркачите, а гувернерот изјавил дека децата почнале да учат да нуркаат во пештерата.

Планот Б е сушење на пештерскиот систем, така што децата ќе можат да излезат од пештерата низ вода, но без нуркање. Војската веќе почнала да ја суши пештерата во надеж дека децата ќе можат да излезат пред новите монсунски дождови.

Властите соопштиле дека нивото на водата во првиот дел од пештерата е спуштено за 40 проценти. Сега е можно да се пројде низ водата до третата комора.

Планот В е да се буши во земјата за да се дојде до местото во пештерата каде се заробени децата. Гувернерот претходно го исклучил бушењето како опција, бидејќи децата се меѓу 800 и 1.000 метри под површината во затворен простор, па се смета дека таа опција не е безбедна.

Еден од поискусните нуркачи објаснил дека најголем проблем е тоа што децата минале 11 дена без храна и адекватна вода.

"Веројатно се ментално и физички слаби. Дури и кога сте искусен нуркач морате да бидете во добра форма за да нуркате", рекол тој.

Се очекува дека во текот на викендот повторно ќе паѓаат монсунски дождови. Ако тоа се случи пред децата да бидат ослободени, порастот на нивото на водата може да значи дека децата ќе бидеат заробени во пештерата уште четири месеци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг