Нови снимки од заробените деца: Со денови се во пештера, но не ја тргаат насмевката од лицата! Еве што им порачале на спасувачите

Точка

05/07/2018

10:23

6.677

Големина на фонт

а а а

Младиот фудбалски тим од 12 деца со тренерот и натаму е заробен во пештера на северот на Тајланд.

Тие се наоѓаат на околу километар под земја и околу два километри далеку од влезот во пештерата. За спасувачите да дојдат до нив, потребни им се 3-4 часа. Дошле до децата дури по десет дена потрага. 

Во една од снимките, се гледаат деца прекриени со фолии и ќебиња, кои спасувачите им ги донеле за да се згреат.

Секое од децата се претставило и порачало дека е здраво.

"Ви благодарам", им рекол еден од нив на спасувачите. Морнаричките "фоки" минале една вечер со децата за да ја следат нивната состојба. Некои деца имале помали повреди, кои биле санирани.

Планот е до местото каде се наоѓа фудбалскиот тим да се воведе подводно телефонска линија, за да децата и нивниот тренер конечно да разговараат со своите семејства. Првиот обид бил неуспешен бидејќи водата ги оштетила каблите, но сите се надеваат дека тоа ќе успее, бидејќи врска со семејствата значително ќе ги намали тензиите.

Клаус Расмусен, еден од членовите на спасувачкиот тим, рекол дека децата рекле дека слушале лаење на кучиња, кукурикање на петли и игра на деца. Тоа на спасувачите би можело да им помогне во барањето на пукнатина или дупка низ која полесно би можеле да додјат до децата, наместо опасниот премин низ пештерата, кој е исполнет со вода.

Тоа што следи ќе биде вистински потфат, бидејќи никој не знае со сигурност како да ги извлече надвор.

Една од можните опции, која најчесто се споменува, е децата да научат да нуркаат. За жал, ниеден од нив не знае ни да плива, па покрај суровоста на теренот, тоа претставува голем проблем.

Водата не е проѕирна, одвај се гледа дното, а струите се силни. Исто така, таа делница е преполна со разни премини, што во секој момент може да предизвика голема паника во текот на акцијата за спасување.

Спасувачите на децата редовно им доставуваат и храна, а поради тоа се појавиле прогнози дека тие ќе останат во пештерата со месеци, додека да заврши сезоната на дождови. Сепак, сите планови зависат од временските услови и нивото на водата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг