Самсунг подготвува три телефони од серијата Galaxy S10

Точка

27/06/2018

19:01

4.430

Големина на фонт

а а а

Иако датумот на претставувањето на „десетката“ е далеку, на интернет веќе започнаа да кружат гласини околу плановите на јужнокорејската компанија.

Ако гласините се вистинити, тогаш новата генерација на Galaxy S серијата на Самсунг ќе ни донесе три телефони, а најмоќниот модел од нив ќе има голем екран и три камери.

Основниот од тие три модели ќе има екран со дијагонала од 5,8 инчи и една камера на задната страна, понапредниот модел ќе има екран со иста дијагонала, но на задната страна ќе има две камери, додека топ моделот Galaxy S10 ќе има 6,2 инчен екран и три камери на задната страна.


Според гласините, Самсунг повторно ќе ги послуша своите корисници и веќе работи на имплементација на сензорот за отпечатоци на прсти под самиот екран, па ќе биде доволно само корисникот да го постави прстот на екранот, по што сензорот ќе ги анализира отпечатоците и ќе го отклучи телефонот.

Исто така, кај новите модели Самсунг би требало да примени и 3Д скенирање на лицето како уште една од можностите за отклучување на телефонот.


Покрај најавените опции, јасно е дека новата генерација на најмоќните телефони на Самсунг ќе пристигнат со уште подобар хардвер, графика на екранот и подобра оптика во однос на S9 и S9 Plus, па така фотографиите направени со најновите телефони ќе бидат уште поквалитетни.

Но, пред претставувањето на Galaxy S10, Самсунг веќе за два месеци ќе го претстави новиот модел од Note серијата, а наскоро би требало да биде претставен и долгоочекуваниот Galaxy X телефон кој би требало да пристигне со флексибилен екран и да биде на преклопување.