Првиот човек на американската воена морнарица: Воените вежби на НАТО во Норвешка се јасна порака до Русија!

Точка

26/06/2018

14:49

1.375

Големина на фонт

а а а

Воените вежби на Северноатлантската алијанса кај брегот на Норвешка и развојот на односите помеѓу Осло и Вашингтон треба да бидат јасен знак за Русија, смета началникот на штабот на Воената морнарица на САД, адмирал Џон Ричардсон.

„Тие (Русија) треба да гледаат на тооа како силен сигнал дека ние го зајакнуваме нашето партнерство. Како промената на климата, па така и ситуацијата околу безбедноста, го зголемија интересот кон северните региони“, изјави Ричардсон.

Министерот за одбрана на Норвешка, Франк Беке Јенсен изјави дека токму ситуацијата со безбедноста во регионот довела до пораст на активностите на НАТО Алијансата на територијата на Норвешка.

„Пред пет-шест години се беше мирно, но сега повеќе не е така. Овде улога не игра само Русија, затоа што ситуацијата е неодредена. Затоа ние ја формираме новата команда за Северниот Атлантик и изведуваме повеќе воени вежби заедно со нашите сојузници“, изјави норвешкиот министер.


„Руската страна не треба да биде изненадена од изведувањето на воените вежби со нашите партнери. Нема причина на такво нешто да се реагира“, изјави Беке Јенсен додавајќи дека „за Норвешка е важно Русија да биде предвидлив сосед“.

Во понеделникот осум земји членки на НАТО Алијансата ги започнаа противбродските воени вежби „Динамик Мунгус“ кои што ќе траат до 6-ти јули во Северното море на бреговите на Норвешка.

Покрај тоа, неодамна норвешките власти соопштија дека ќе побараат од Вашингтон на нивните северни граници да испрати дополнителна воена сила поради истите причини – непредвидливата Русија. Според властите од Осло, во интерес на Норвешка е да се зголеми двојно бројот на американски маринци и тие да бидат распоредени во близина на границата со Русија.


Неодамна исто така и Шведска започна со воени вежби, односно ги мобилизираше граѓаните за прв пат после неколку децении и симулираше воен напад на Шведска кој што веројатно би дошол од Русија.

Ова „расположение“ на скандинавските, но и балтичките земји доаѓа после неколкуте контроверзни потези на официјална Москва, како што е агресијата на источна Украина и воениот напад на Грузија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг