Претседателот на Украина, Петро Порошенко, свечено го открил сообраќајниот знак на реновираниот дел од трасата Запорожје - Дњепар.
"Го разгледувам ремонтираниот дел од патот H-08 - 23,74 километри, кој ги поврзува Запорожје и Дњепар", напишал Порошенко на Твитер. На церемонијата на отворањето, украинскиот претседател наместо да пресече лента, што е дел од традицијата, тој го тргнал платното од сообраќајниот знак.
Корисниците на социјалните мрежи не пропуштиле да го критикуваат поради ваквата постапка.
"Во топла и пријателска атмосфера, со бурни и долготрајни аплаузи на стотина Украинци, претседателот на Украина го откри сообраќајниот знак", е само еден од ироничните коментари на социјалните мрежи.
"Неопислива радост и гордост ми ја исполнуваат душата, во очите ми навираат солзи радосници! Обновени се речиси 24 километри на трасата Дњепар - Запорожје. Тоа е невидена победа со која треба да се гордее секој Украинец", "Успех на годината" и "Ова е пекол", се дел од коментарите кои се појавија поради ваквиот настан.